Викендов почнува 29. сезона во македонската фудбалска лигаСо утрешниот воведен натпревар помеѓу Вардар и Борец ќе биде отворена сезоната од 29-тото издание на македонската Прва лига. Откако минатата сезона заврши неславно со прекин поради пандемијата со коронавирусот и воопшто не продолжи, а ниту пак беше прогласен шампион, дојде време за новата сезона која е 29-та откако Македонија е независна држава. Бидејќи лани никој не испадна, оваа сезона бројот на учесници се зголеми на 12. Иако последни ги започнаа подготовките, пред едвај десетина дена, играчите на Вардар ќе мора да стегнат заби и да ја отворат сезоната и тоа против тврдиот состав на Борец, кој пак со оглед на егзодусот од Вардар, е фаворит на утрешниот натпревар. Натпреварот почнува во 17:30, ќе се игра без публика, но ќе оди директен пренос на МРТ1 и МРТ3.
Овој медиумски потфат се случува во време кога речиси сите печатени медиуми несфатливо го заобиколија македонското првенство, одвојувајќи по 1/16 од ценетата страница за резултатите од тековното коло и евентуално табела, а во исто време одвојуваат и по половина страна за преглед на случувањата од, да речеме, италијанското Калчо. Не велам дека маклигата е поинтересна од Калчото, но сепак македонскиот љубител на фудбалот ги следел на ТВ сите случувања во Калчото и не му треба преглед од половина страна за да провери дали Пандев погодил во 66-та или пак тоа било во 67-ма минута. А во време кога се случува медиумски мрак на нашите македонски стадиони, кога никој не сака да ангажира новинар или не дај боже снимател (оти тоа чини пари, да, да, многу пари...
една екипа составена од новинар и снимател ќе ја „кошта“ ТВ-јата колку 1 (една) секунда реклама во ударен термин или едно „милиметарско“ забутано ќоше со реклама во весник), за резултатите ќе дознаваме два часа подоцна. А многучесто и погрешно, како пред десеттина дена кога Силекс одигра 1-1 во Купот против Башкими, ама некој што „се дрзнал“ прв да ја објави информацијата не го погодил резултатот, па објавил 0-1, а македонските „копи-паст“ медиуми масовно ја раширија лагата.
Од сите останати натпревари директен пренос ќе оди на платформата на ФФМ за интернет стриминг. Стадион „Чаир“ во Скопје Шкупи - Шкендија Судија: Јован Качевски (Струга) Стадион „Ѓорче Петров“ во Скопје Македонија ЃП - Работнички Судија: Јосип Бартон (Скопје) Стадион „Благој Истатов“ во Струмица Беласица - Силекс Судија: Александар Грујоски (Кичево) Стадион „Под Тумбе Кафе“ во Битола Пелистер - Академија Пандев Судија: Игор Стојчевски (Скопје) Стадион „Градски“ во Тетово Ренова - Струга Судија: Марјан Гоцевски (Струмица) Најквалитетната македонска фудбалска лига својата воведна сезона ја имаше во 1992/93 кога Вардар убедливо ја освои титулата пред Силекс и Балкан.
Токму овој натпревар ќе оди во живо на МРТ1 и МРТ3 во неделниот термин. Двата тима кои доаѓаат од Втората лига, Беласица и Пелистер, сезоната ќе ја почнат на домашен терен и во потрага во 3 бода. Струмичани ќе го нагостат претставникот во Лигата на шампиони, Силекс, додека битолчани ќе го пречекаат тимот на Академија Пандев. Локална скопска пресметка ќе има во населбата Ѓорче Петров помеѓу прилично ослабениот состав на домаќинот Македонија ЃП и тимот на Работнички кој се најавува како конкурент за титулата.
Силекс - Вардар во живо на МТВ, кратовци тргнуваат по „скалпот“ на шампионотпишува - Оливер Арсовски Утре (недела) во 15 часот се игра еден од најголемите македонски фудбалски дерби-мечеви меѓу Силекс и Вардар. Велам дерби не според позициите на табелата, затоа што сезонава Вардар е лидер по 6 одиграни кола, а Силекс, за жал, „фенерџија“, но дерби е секако според „тежината“ што ја имаат овие два клуба во македонскиот фудбал. Верувале или не, овие два клуба освоиле речиси половина од титулите во досегашните 20 сезони, Силекс трипати, додека Вардар шестпати го освојувал насловот.
Ако на овие бројки ги додадеме и Куп-титулите, тука веќе станува јасно зошто колегите од спортската редакција на МТВ одлучија директниот пренос во ова коло да оди од Кратово, иако многумина сметаа дека приоритет требало да има градското дерби во Тетово меѓу Шкендија и Тетекс. Ако некој заслужува честитки во овој момент, тоа е секако националниот сервис МТВ кој утре ќе направи пионерски потфат за респект, ќе врши мултипренос од сите четири дуела во недела, со акцент на дуелот во Кратово, но и вклучувања во живо на останатите стадиони кога ќе падне погодок или некој поинтересен момент. Можеби уште е рано да говориме за некакво квалитативно поместување во мак-лигата, но пристапот на МТВ говори дека полека ќе се врати интересот кај публиката за случувањата на зелените терени низ земјава.
Национална Арена „Тоше Проески“ во Скопје Вардар - Борец Судија: Александар Ставрев (Скопје) Сите останати натпревари се на програмата в недела, исто така од 17:30 часот. Интересно се очекува да биде на албанската пресметка меѓу Шкупи и Шкендија, чии натпревари во минатото беа одбележани со големо ривалство. Шкендија сезонава е прв фаворит за титулата.
Туку, да се вратиме на убавите нешта. Драги мои кратовци, ако веќе МТВ врши пренос од Кратово, тоа не значи да фатите бусија пред телевизорот, туку сите до еден на стадион. Златко Калински ќе го слушате и друг пат на ТВ, а сега му треба поддршка на тимот на Силекс, за кој до скоро велевте дека не е кратовски клуб затоа што немал кратовски фудбалери.
[[ГЛЕДАЈ ОНЛАЈН#]^] Победа Шкендија Директниот пренос
Супер дерби, Вардар – Воска, директен пренос на Спортклуб